во ,

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е големо градилиште, го реализираме тоа што СДС не можеше со години

„Македонија инфраструктурно се развива, модернизира и трансформира.“

„По наследениот пустош, се градат темелите во инфраструктурата.“ Ова се вели во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Тие истакнуваат дека за една година покажале како со посветена работа можат да се завршат големи проекти.

Завршени и започнати клучни патни правци

За само една година, пуштени се во употреба делницата Градско – Фариш. Таа е вредна 37,4 милиони евра. Пуштен е и експресниот пат Ранковце – Крива Паланка. Тој е во вредност од околу 98 милиони евра.

Исто така, започнала и изградбата на автопатот Тетово – Гостивар. Се работи и на автопатите Гостивар – Кичево и Прилеп – Битола. Во завршна фаза е и изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Наскоро се очекува да се пушти делницата Врбјани – Охрид.

Реклама

Отпочнати се и стотици помали проекти во општините. Целосно е реконструиран и регионалниот пат Охрид – Свети Наум.

Развој на железницата и авиосообраќајот

Паралелно со патиштата, се развива и железничкиот сообраќај. Пуштена е во употреба пругата на Коридор 8, Куманово-Бељаковце. Од нула функционални локомотиви, сега во употреба се 11. Со тоа се нормализирал железничкиот сообраќај.

Ќе се гради и брза двоколосечна пруга на Коридор 10. Воведени се и 11 нови авиолинии од двата аеродроми. За нив е обезбедена финансиска поддршка.

Трет мобилен оператор и социјални станови

Започната е и постапка за трет мобилен оператор во земјава. Тој треба да донесе конкуренција и пониски цени за граѓаните. Во изминатата година се водело грижа и за ранливите категории. Доделени се над 100 социјални станови во повеќе градови.

„Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија,“ завршува соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Несекојдневен инцидент на Халкидики: Бугарската актерка Дијана Габровска уапсена додека снимала “Документарец”

Закани кон Славјанка Петровска пред нејзиниот дом: „Цаци, готова си“