
Пожар во Охридското Езеро: Изгоре и потона глисер, оштетени и други пловила
На плажите помеѓу населбата и автокампот „Елешец“, во Охридското Езеро избувна пожар на глисер. Пловилото целосно изгоре и потона, а оштетени се и уште два други глисери. За среќа, во инцидентот нема повредени.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Пожарот избувнал на околу 30 метри од брегот. Екипи на Територијалната противпожарна единица Охрид и езерската полиција брзо интервенирале за да го изгаснат огнот.
Според полициските информации, глисерот е во сопственост на 64-годишниот З.Д. од Тетово. Пожарот предизвикал големи оштетувања на коритото на пловилото, поради што тоа потонало на длабочина од три метри. Огнот се проширил и оштетил уште два соседни глисери.
Причините за избувнувањето на пожарот сè уште не се познати. Истрагата е во тек.


