во ,

МВР РАСЧИСТУВА СО ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ: 13 лица на распит за ширење паника за водата во Скопје!

Министерството за внатрешни работи презеде конкретни чекори против ширењето на хистерија и лажни вести за наводното загадување на водата за пиење во Скопје. Секторот за компјутерски криминал веќе повика 13 лица на информативен разговор.

Паниката која изминативе денови масовно се ширеше на социјалните мрежи добива своја полициска разврска. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР интензивно работи на расветлување на случајот со дезинформациите, кои предизвикаа страв меѓу скопјани.

Ширеле паника врз основа на „рекла-казала“

Супер Попуст -25%

За време на службените разговори, сите 13 повикани лица признале дека информациите ги објавиле или споделиле само затоа што претходно виделе слична објава на интернет или слушнале од некое друго лице. Ниту еден од нив не можел да посочи конкретен, потврден или веродостоен извор кој би ги докажал нивните тврдења за загадување на водата.

„Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи со прибирање и анализа на податоци со цел да се потврдат сите околности, како и начинот на кој информациите се појавиле и понатаму се ширеле во интернет просторот“, соопштуваат од МВР.

Апел за одговорност на социјалните мрежи

Од Министерството за внатрешни работи строго предупредуваат дека ширењето на непроверени и неточни информации, особено кога станува збор за јавното здравје и безбедност, предизвикува неоправдана паника и вознемиреност. Надлежните апелираат граѓаните да се информираат исклучиво од официјални институции и да не споделуваат објави чија точност не е претходно проверена.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТАЖНА ВЕСТ ОД ХОЛИВУД: Почина легендарниот Винсент Пасторе, ѕвездата на „Сопранови“!

ФИЛИПЧЕ ЗА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: Мирот, соживотот и еднаквоста се темелот на нашата иднина!