во ,

АЛБАНИЈА ВО ПЛАМЕН: Девет активни пожари, над 450 луѓе се борат со огнената стихија!

Албанија продолжува да се соочува со сериозна криза поради шумските пожари. Во моментов се регистрирани девет активни жаришта низ повеќе делови од земјата, а стотици пожарникари и војници водат тешка битка со огнената стихија.

Според Министерството за одбрана, пожарите беснеат во регионите Дебар, Тирана, Драч, Корча и Ѓирокастро. На терен се ангажирани околу 450 припадници на службите кои неуморно работат на нивно гаснење и ставање под контрола.

Најкритично е во областа Лура

Супер Попуст -25%

Најголемиот дел од силите се распоредени во областа Лура, во регионот Дебар. Таму се ангажирани дури 200 луѓе кои спроведуваат интензивни активности за локализирање на огнот. Противпожарните екипи и припадниците на вооружените сили се распоредени и на останатите критични точки, додека надлежните институции ја координираат состојбата.

Претседателот бара строги казни за пироманите

Засега сè уште нема конечна проценка за вкупната материјална штета предизвикана од катастрофалните пожари. Албанскиот претседател Бајрам Бегај упати благодарност до сите кои учествуваат во справувањето со огнената стихија во услови на екстремно високи температури.

„Сторителите кои ја палат земјата мора да бидат строго казнети согласно со законот“, порача претседателот Бегај, повикувајќи ги граѓаните на максимална внимателност и одговорност.

Тој исто така апелираше до граѓаните доследно да ги почитуваат упатствата на надлежните служби со цел да придонесат во заштитата на човечките животи, имотот и природата.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

АЛАРМАНТНО ВО РЕГИОНОТ: Западнонилската треска се шири во Грција, епидемија прогласена и во Скопје!

ИСТОРИСКА ПОРАКА ОД НИКОЛОСКИ: Охридскиот договор нè спаси од војна, но политикантите го користеа за лично богатење!