
Наталожени проблеми и децениска негрижа
Жичарницата на Водно, која претставува едно од најомилените доживувања за скопјани и туристите, изминатиов период беше ставена вон функција поради констатирани сериозни недостатоци. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека проблемите се директна последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и занемарувањето на редовното одржување од страна на претходните градски раководства, што траело речиси една деценија.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Тој потенцираше дека не смее да има никаков компромис кога е во прашање сигурноста на посетителите, поради што бил неопходен обемен и темелен зафат пред системот повторно да биде пуштен во употреба.
Реконструкција на кабините и најава за отворање
Во моментов интензивно се одвиваат зафатите за темелна реконструкција на кабините, а се чека и пристигнувањето на главниот мотор кој е испратен на специјализирано репарирање надвор од границите на државата.
Очекувањата се дека по завршувањето на овие градежни и машински зафати, како и по поминувањето на сите задолжителни безбедносни проверки, жичарницата ќе започне со работа веќе следниот месец.
„Жичарата е едно од омилените скопски доживувања… За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сè. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител.“ — објави Орце Ѓорѓиевски.


