
Богато археолошко наследство пред очите на јавноста
По долги години исчекување, објектите наменети за новите музејски поставки на скопската тврдина Кале се во завршна фаза. Во овие два музеи ќе бидат изложени бројни вредни артефакти кои беа откриени за време на опсежните археолошки истражувања на локалитетот спроведени во периодот од 2007 до 2016 година.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Овие институции ќе понудат единствен приказ на два различни, но исклучително важни периоди од историјата на ова поднебје. Од една страна, најраните траги на живот преку праисториските наоди, а од друга – богатата архитектура и предмети кои сведочат за османлискиот период.
Еве како изгледаат моментално:
(Во продолжение погледнете ја галеријата од моменталната состојба на објектите на Кале)


