
Самитот на лидерите на Европската Унија во Брисел западна во длабока криза откако државите членки кои бараат значително намалување на идниот седумгодишен буџет ги бојкотираа преговорите и ги напуштија состаноците што ги организираше претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Драматичниот пресврт се случил во четвртокот вечерта, по повеќечасовни тензични разговори во Брисел, со што дополнително се искомплицира обидот да се постигне консензус меѓу сите 27 земји членки за повеќегодишната финансиска рамка за периодот од 2028 до 2034 година. Данска, Шведска, Белгија и Австрија одлучија да ги напуштат преговорите, обвинувајќи дека начинот на кој Кошта ги организирал средбите имал директна цел да внесе раздор меѓу земјите што се залагаат за помал буџет. Според изјава на дипломат од една од овие држави, било сосема очигледно дека станува збор за обид да бидат поделени и секој од седумтемина да биде придобиен со некаква отстапка, оценувајќи дека сè поминало многу лошо и оти воопшто не се водело вистинска дискусија.
Откажан петочниот дел од самитот и прес-конференција од само 11 минути
По ваквиот развој на настаните, Кошта се откажа од првичниот план самитот да продолжи и во петокот, а завршната прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја скрати на само 11 минути. Европските лидери сега ќе се обидат да постигнат компромис на следниот самит, закажан за 17 декември.
Иако Европската Унија технички има на располагање уште една цела година за усогласување на повеќегодишната финансиска рамка, актуелното европско раководство настојува преговорите да завршат пред претседателските избори во Франција во април, на кои како главен фаворит се посочува лидерката на крајната десница, Марин Ле Пен.
Остри судири меѓу Макрон и Мелони: Од „Господин уцена“ до „немам рок, имам услови“
Францускиот претседател Емануел Макрон видливо револтиран остро ги критикуваше предложените буџетски кратења на Кошта, оценувајќи ги како стратешка грешка за Европа. Тој предупреди дека одложувањето на преговорите за следната година не е демократски возможно токму поради близината на француските избори. Ваквиот настап предизвика остри реакции зад затворени врати, па еден европски дипломат го нарече францускиот претседател „Господин уцена“, порачувајќи дека не е во ред преговорите да се држат како заложник поради национални избори.
Истовремено, не сите лидери го поддржуваат притисокот за брзо постигнување договор по секоја цена. Италијанската премиерка Џорџа Мелони, чија земја се залага за поголем европски буџет, децидно порача дека нема да прифати решение само за да се испочитува некаков временски рок, нагласувајќи дека таа нема рок, туку услови, и оти ќе стави потпис дури кога ќе има договор што го смета за праведен за Италија.
Колкави кратења се на маса и зошто тактиката на Кошта ги налути двете страни?
Европската комисија првично предложи буџет од околу два билиони евра, а пред самитот Кошта предложи негово намалување за 204 милијарди евра. Сепак, според дипломатски извори, тој на затворените состаноци најавил дека во наредните недели ќе понуди нова буџетска рамка со дополнително намалување од 220 до 230 милијарди евра. Ваквата бројка се приближува до барањата на групата држави што инсистираат на помал буџет, меѓу кои се Германија и Шведска, при што дополнителните кратења главно би ги погодиле средствата за конкурентност и странска помош, додека регионалните фондови и земјоделството би останале недопрени.
Финскиот премиер Петери Орпо, чија земја исто така припаѓа на блокот што бара помал буџет, предложи кратење од 250 милијарди евра од првичниот предлог на Европската комисија, оценувајќи дека позициите не се премногу оддалечени, но дека последните решенија во завршницата ќе бидат пресудни. Инаку, тактиката на Кошта да ги собира лидерите во помали групи наместо сите да преговараат на заедничка маса предизвикала незадоволство кај двете страни, бидејќи земјите сметале дека не можат отворено да ги соопштат своите црвени линии пред ривалските блокови. Според дипломатски извори, токму финскиот премиер Орпо бил особено лут од начинот на кој биле водени разговорите, а од официјална Виена соопштија дека претставниците на неформалната група С7 учествувале на две средби, по што заклучиле дека натамошните разговори во таков формат нема да донесат решение.
По завршувањето на неуспешниот самит, Кошта се обиде да го ублажи впечатокот за фијаско, оценувајќи дека десетчасовната дискусија сепак била корисна за утврдување на можните рамки за постигнување договор во декември и порачувајќи дека работата продолжува.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден







