во

Зеленски ги предупреди Украинците: Русите подготвуваат нов масовен напад во наредните денови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати ново предупредување до граѓаните дека Русија подготвува нов масовен напад во наредните денови, порачувајќи дека Киев ќе одговори на секој удар!
Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија планира нов масовен напад врз Украина во наредните денови и ги повика граѓаните на максимална претпазливост. Тој посочи дека властите располагаат со информации за новиот напад што го подготвуваат руските сили и апелираше до населението внимателно да ги следи предупредувањата за ракетни закани во претстојниот период.

Истовремено, Зеленски испрати директна порака до Москва дека Украина ќе го врати она што е нејзино и дека ќе одговори на секој напад. Ова е веќе второ вакво предупредување што украинскиот претседател го упатува во текот на оваа недела, во услови кога уште од септември руските сили вршат речиси непрекинати, целодневни напади врз Киев и други украински градови.

Балистички ракети врз Киев: Седуммина ранети и оштетен трговски центар

Предупредувањето на Зеленски доаѓа по новата драматична ноќ во украинската престолнина. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека Русија во текот на претходната ноќ го нападнала Киев со балистички ракети, при што се ранети седум лица, а погодени се еден трговски центар и уште две згради.

Од друга страна, официјална Москва тврди дека цел на ноќниот напад биле исклучиво локации поврзани со беспилотни летала.

Украински напади со дронови врз руски нафтени објекти и воен аеродром

Паралелно со руските ракетни удари, украинската воена разузнавачка служба соопшти дека украински беспилотни летала погодиле рафинерија за нафта во рускиот јужен регион Краснодар.

Дополнително, украинската војска извести дека биле погодени резервоари за нафта во објект на руската компанија „Трансњефт“ во централниот регион Башкортостан, како и воениот аеродром „Мариновка“ во регионот Волгоград. Агенцијата Ројтерс не можеше веднаш независно да ги потврди овие тврдења, додека и Русија и Украина и натаму инсистираат дека не гаѓаат цивилни цели.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Макрон со остро предупредување од самитот во Брисел: Кратењата во европскиот буџет се стратешка грешка

Трамп со порака по средбата во Кина: Побарав од Путин да ја запре сета воена агресија низ Европа за брз договор со Украина