во

Рокас за можноста од ново бугарско вето: Не сакам да шпекулирам, но во преговорите некоја земја-членка може да нè изненади

Евроамбасадорот Михалис Рокас порача дека не сака да шпекулира за евентуално ново бугарско вето поради несогласувањата во Историската комисија, но призна дека во пристапните преговори некоја земја-членка секогаш може да изненади со непредвидени чекори, нагласувајќи дека проширувањето на ЕУ стопроцентно ја вклучува и Северна Македонија!
Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Евроамбасадорот Михалис Рокас, одговарајќи на новинарско прашање во емисијата „360 Степени“ за тоа дали Европската Унија располага со механизми за спречување на евентуално бугарско вето поради несогласувања во Историската комисија, порача дека не сака да шпекулира за можните потези на земјите членки во пристапниот процес, нагласувајќи дека со „ако“ и „но“ не се остварува напредок.

Сепак, тој потсети дека во текот на пристапните преговори секогаш постои можност некоја земја членка да изненади со нешто што претходно не било предвидено, посочувајќи го како илустрација актуелниот пример со отворените прашања меѓу Хрватска и Црна Гора, за кои, како што рече, јавноста е веќе добро запознаена.

Геостратешко значење на проширувањето и спроведување на договореното во добра верба

И покрај можните предизвици во преговарачкиот процес, Рокас изрази уверување дека проширувањето има силно геостратешко значење во актуелниот геополитички момент и претставува директен одговор на Европската Унија на многубројните предизвици со кои се соочува, при што, како што децидно истакна, тоа стопроцентно ја вклучува и Северна Македонија.

Во таа насока, евроамбасадорот повика на доследно спроведување во добра верба на сè што е веќе договорено, вклучително и на билатералните обврски. Тој нагласи дека комисиите не постојат само за да се водат дискусии и формално да се забележи дека нешто е сработено, туку дека е суштински важно да се вложи искрен напор, бидејќи токму тој напор може да биде оценет како значаен чекор напред.

Реформите и владеењето на правото клучни за потребниот замав

На крајот од своето обраќање, Рокас истакна дека е лично уверен оти доколку се постигне видлив напредок во клучните области за усогласување со европското законодавство, во борбата против корупцијата, во владеењето на правото и во спроведувањето на реформите, заедно со отворањето на пристапните преговори, процесот ќе го добие потребниот замав за натамошно движење кон Европската Унија.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кои финансиски друштва за брзи кредити имаат лиценца за работа во Македонија?

Осум жители од зградата завршија во болница: Уапсен охриѓанец поради предизвикување пожар во својот стан