
Вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ синоќа биле затекнати при кражба на значително количество нафта од гаражите на претпријатието во населбата Ѓорче Петров, информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Случајот го открила внатрешната контрола на ЈСП, по што веднаш била повикана полицијата за да постапи на терен.
Градоначалникот Ѓорѓиевски најави дека сите инволвирани вработени ќе бидат отстранети од работа, а од Јавното обвинителство очекува веднаш да отвори соодветна постапка и секој за кого ќе се утврди одговорност да одговара пред законот.
Ѓорѓиевски: Секој литар нафта е платен со пари на скопјани
Осврнувајќи се на инцидентот, скопскиот градоначалник оцени дека овој случај е уште еден показател за, како што рече, долгогодишното системско уништување на градот. Тој им се обрати директно на граѓаните, потсетувајќи дека секој литар нафта во тие гаражи е платен со нивни пари за автобусите на ЈСП да ги носат на работа, на училиште и дома.
Ѓорѓиевски децидно порача дека негова обврска е да го чува секој денар на граѓаните и дека секој што ќе посегне по јавните средства ќе биде санкциониран без никаков исклучок. Притоа нагласи дека денеска, за разлика од минатото, жестоко се постапува против криминалот и оти само со директен и решителен удар може да се избори против корумпираните структури кои го уништуваат Скопје.
Се очекуваат официјални детали од Министерството за внатрешни работи
Во својата објава градоначалникот Ѓорѓиевски не прецизираше колку точно вработени биле затекнати на дело, за колкаво количество украдена нафта станува збор, ниту пак дали некое од лицата е лишено од слобода.
Повеќе официјални информации и конкретни детали за овој случај се очекуваат во текот на денот од Министерството за внатрешни работи.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден







