
Финансиските друштва за брзи кредити повторно се во фокусот на јавноста откако првично Министерството за финансии им изрече забрана на две друштва да одобруваат кредити во траење од 30 дена, а потоа од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) информираа дека поголем број од нив се казнети поради незаконска наплата на опомени и паушални надоместоци за доцнење со плаќањето на доспеаните кредитни обврски.
По спроведените инспекциски надзори, надлежните институции соопштија дека на над 26 илјади граѓани ќе им бидат вратени повеќе од 140 милиони денари од страна на финансиските друштва за брзи кредити, бидејќи овие средства им биле наплатени спротивно на законските прописи.
Одземени дозволи и привремени затворања во изминатиот период
Засилениот надзор над небанкарскиот кредитен сектор веќе подолг период резултира со строги санкции за компаниите што не ги почитуваат правилата. Од јули минатата година досега, Министерството за финансии одзело дури четири дозволи за работа на финансиски друштва за брзи кредити, додека три друштва биле привремено затворени.
Колку друштва за брзи кредити имаат важечка лиценца?
Според официјалниот Регистар на финансиски друштва што го води Министерството за финансии, во моментов лиценца за работа поседуваат вкупно 27 финансиски друштва. Граѓаните можат во секое време да го проверат точниот и ажуриран список на сите активни и лиценцирани друштва директно на веб-страницата на Министерството за финансии, во делот наменет за регистри.

-
Пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден







