
Полициски службеници од Полициската станица Охрид вчера го лишиле од слобода Ц.Н. (55) од Охрид, кој се сомничи дека предизвикал пожар во неговиот стан лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Брза евакуација на станарите и интервенција на Итната медицинска помош
Според информациите од полицијата, со брза и координирана интервенција на полициските службеници и на припадниците на Територијалната противпожарна единица од Охрид, навремено била извршена евакуација на повеќе жители од зафатената станбена зграда.
Со возила на Итната медицинска помош, вкупно осум лица биле итно префрлени во Општата болница во Охрид, бидејќи се здобиле со повреди и имале потешкотии при дишењето.
Кривична пријава за предизвикување општа опасност
Во координација со останатите надлежни служби, Секторот за внатрешни работи Охрид презел дополнителни мерки за поддршка на станарите и целосно смирување на состојбата на терен.
Од Министерството за внатрешни работи наведуваат дека по целосното расчистување и документирање на настанот, против осомничениот Ц.Н. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден







