
Нападот бил најавен уште во училиште, а напаѓачот тврдел дека „се зезаат“
Според нејзината објава на социјалните мрежи, инцидентот се случил околу 11:30 часот. Таа првично забележала две деца за кои помислила дека се туркаат, но набргу сфатила дека едното момче физички го напаѓа другото, кое се обидувало да се оддалечи и да го замоли да престане, додека околу нив се собрала група деца. Стојановиќ веднаш излегла од автомобилот, му пришла на момчето што напаѓало и го повлекла за ракав барајќи да престане, на што ученикот се обидел да се оправда со зборовите: „Ништо, ништо, се зезаме“.
Сепак, таа забележала дека нападнатото дете е вознемирено и има видливо црвенило на челото, образите и брадата, а ученикот ѝ кажал дека нападот бил најавен уште претходно на училиште со заканата „ќе видиш на голем одмор“. Иако Стојановиќ му предложила да повикаат полиција, детето ја замолило да не го прават тоа веднаш бидејќи требало да се врати на часови и планирало настанот да го пријави кај училишниот педагог. Во меѓувреме им пришло и друго момче од групата, кое го повикало нападнатиот ученик да си замине и да не пријавува во полиција, а на негодувањето на скопјанката дрско ѝ одговорило: „Знаеш ли кој ми е татко?“, по што таа побарала момчето веднаш да го повика својот татко на местото на настанот.
Остра порака до немите набљудувачи и понуда за сведочење
Во својата објава, Стојановиќ упати остри критики до возрасните кои биле присутни на паркингот и останале неми посматрачи, но и до родителите, нагласувајќи дека воспитувањето, одговорноста и односот кон насилството се градат уште во семејството. Според неа, ваквиот случај го отвора и прашањето за ефективноста на кампањите против врсничкото насилство, особено кога конфликтот и заканите започнуваат во училиште.
На крајот од сведоштвото, таа наведува дека нападнатото момче пред да замине тивко ѝ се заблагодарило за помошта, а Стојановиќ јавно изрази подготвеност да сведочи доколку родителите на детето одлучат случајот да го пријават и да поведат постапка.
„СРАМ да ви е, на сите вас што бевте неми посматрачи, додека пред вас се одвиваше физичко насилство. Не смеете да вртите поглед и да молчите. Никој“, порача Ива Стојановиќ во своето сведоштво на социјалните мрежи.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден






