во

Врсничко насилство во Центар: Две малолетнички пресретнале и претепале девојче, го снимале нападот и ѝ зеле пари

Две малолетнички од Скопје се приведени од полицијата откако, според пријавата, на подрачјето на општина Центар пресретнале и физички нападнале друго девојче, при што го снимале инцидентот и ѝ одзеле пари и лични предмети.

Напад, снимање со телефон и одземање лични предмети

Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), инцидентот се случил вчера околу 18:00 часот на подрачјето на Центар. Двете малолетнички најпрво ја пресретнале оштетената, по што ситуацијата ескалирала во физичко насилство.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Како што наведуваат од полицијата, додека едната од приведените физички ја нападнала и ја удирала малолетничката, другата го снимала целиот настан со мобилен телефон, а воедно ѝ одзела пари и лични работи.

Приведени два часа по инцидентот

По добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презеле мерки и само два часа по настанот, околу 20:00 часот, ги лишиле од слобода двете малолетнички од Скопје.

„Двете девојчиња најпрво ја пресретнале малолетничката, по што едната физички ја нападнала, додека другата го снимала настанот и ѝ одзела пари и лични работи“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Направил хаос во Крушевац: Ограбил маж во кафуле, ѝ истргнал чанта на жена на улица, па гаѓал возило во движење со камен

Техеран бара цврсти гаранции: Иран сака договор со САД што ќе спречи повторно разгорување на војната