
Како функционира мрежата „764“ и од каде потекнува?
Според предупредувањата од ФБИ и Европол, првичниот контакт, регрутирањето и уценувањето се одвиваат целосно во дигиталниот простор – најчесто на социјални мрежи, гејминг платформи и апликации за комуникација. Сторителите глумат врсници или пријатели полни со разбирање, стекнуваат доверба и ги откриваат семејните слабости на жртвата, по што бараат компромитирачки материјали и преминуваат на сурова уцена.
Мрежата е основана во 2021 година од тогаш 15-годишниот Бредли Кејденхед, познат под прекарот „Феликс“, кој во 2023 година во САД беше осуден на 80 години затвор за организирана сексуална изнуда преку интернет. Иако САД, Канада и Нов Зеланд ја квалификуваат „764“ како терористичка група, по апсењето на основачот таа продолжила да дејствува како флексибилна мрежа од независни ќелии што постојано ги менуваат имињата. Во еден од документираните судски случаи, познат како „Trippy“, против Прасан Непал и неговиот соработник Леонидас Варагијанис, докажани се најмалку осум малолетни жртви на возраст од 13 години.
Опасноста е веќе во регионот – како да реагираат родителите?
Овој феномен повеќе не е само прекуокеански проблем. Словенечката полиција во соработка со ФБИ веќе идентификувала жртви и потенцијални сторители поврзани со „764“ на територијата на Словенија, со потврдени случаи на уценување со снимки и принудување на самоповредување. Токму затоа, македонското МВР алармира за итна превенција и будност кај семејствата.
Стручњаците од Европол и ФБИ нагласуваат дека родителите во никој случај не смеат да го посрамотуваат или казнуваат детето доколку тоа признае дека е жртва на уцена. Наместо конфликт, клучна е смирената поддршка, зачувувањето на сите дигитални пораки и докази, како и итно пријавување на случајот во полиција.
„Стручњаците апелираат родителите во никој случај да не го посрамотуваат или казнуваат детето доколку тоа признае дека било жртва на уцена. Токму стравот од осуда и срамот се главното оружје со кое овие предатори ги држат жртвите во потчинетост.“
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден







