
Состојба на граничните премини и затворени делници
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од Авто-мото сојузот потсетуваат дека од 17 ноември патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Задолжителна зимска опрема и опасност од одрони
Возачите треба да имаат предвид дека од 15 ноември 2026 година започна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, а оваа обврска ќе трае до 15 март 2027 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони. Предупредувањето особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
„Утрово во 07:15 часот поради поголем метеж на терминал Блаце, товарниот сообраќај е пренасочен од ГП Блаце кон бензинската ’Дизел‘. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, соопштија од АМСМ.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден







