
Условите на Техеран и „црвената линија“ за ураниумот
Во интервју за државниот весник „Иран“, кое го пренесува „Ројтерс“, Абас Арагчи посочи дека неговата земја бара договор што ќе гарантира дека повеќе нема да има војна. Пред да преземе какви било понатамошни чекори, Техеран сака да добие јасно уверување дека Вашингтон е сериозен во врска со преговорите, а со посредниците веќе се разговарало за можни мерки за градење доверба.
Како една од главните „црвени линии“ на Иран, шефот на иранската дипломатија го наведе задржувањето на збогатениот ураниум на територијата на земјата, но сепак изрази уверување дека е можно да се постигне „праведно решение“.
Ставот на Трамп и посредничката улога на Катар
Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп во петокот на прес-конференција оцени дека Иран сака договор, но не под услови што би биле прифатливи за Вашингтон.
Во меѓувреме, дипломатските активности продолжуваат и преку регионалните посредници. Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи соопшти дека претставници на Катар и Иран се сретнале во вторникот со цел усогласување на ставовите и намалување на разликите меѓу предлозите изнесени во досегашните контакти.
„Тие сакаат договор, но не сакаат договор каков што би бил прифатлив за мене“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додека иранскиот министер Абас Арагчи порача дека Техеран бара „договор што ќе гарантира дека повеќе нема да има војна“.
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден







