во

Вучиќ не е под истрага, но се отвораат прашања за можна кривична одговорност за повеќе случаи

Иако против поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, во моментов не се води никаква формална правна постапка, сè погласно се отвораат прашања за негова можна кривична одговорност во неколку крупни случаи – од наводната употреба на звучен топ и трагедијата во Нови Сад, до аферата „Генералштаб“ и спорните помилувања!
Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

„Сакате да го гоните претседателот – за што точно? Претседателот не потпишува ништо што вклучува пари“, изјави Александар Вучиќ пред два дена на телевизијата „Пинк“, канал близок до неговата партија. Тој оцени дека тезите оти би можел да биде уапсен се глупави, но додаде дека доколку биде лишен од слобода, ќе почне штрајк со глад кој не би го преживеал.

Иако тој нагласи дека против него не се води никаква правна постапка, правните експерти и граѓанскиот сектор укажуваат на индиции дека против поранешниот претседател на Србија би можела да се поведе кривична постапка за повеќе контроверзни настани од изминатиот период.

Случајот „звучен топ“ од протестите во Белград и рокот од Стразбур

Шест организации од граѓанското општество, меѓу кои и Белградскиот центар за човекови права, во понеделникот (23 ноември) објавија дека Европскиот суд за човекови права побарал од Владата на Србија до 15 јануари 2027 година да достави забелешки во врска со случајот за наводната употреба на звучно оружје на протестот во Белград на 15 март 2025 година. Организациите сметаат дека предметот мора да го преземе Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК), бидејќи не очекуваат темелна истрага од Вишото јавно обвинителство ниту од Првото основно јавно обвинителство во Белград.

Петар Видосављевиќ од Белградскиот центар за човекови права вели дека ЈТОК би можело да ги истражи евентуалните незаконитости во досегашното постапување на обвинителствата, но и да утврди кој ја планирал и одобрил евентуалната употреба на звучно оружје, со каква цел и дали имало организирано прикривање на одговорноста. Според него, врз основа на поднесените кривични пријави, би можело да се разгледа постоење на кривичните дела тероризам, злоупотреба на службената положба и предизвикување општа опасност.

Дополнително, откако Вучиќ во Собранието на 24 ноември и на телевизијата „Информер“ вечерта на 25 ноември повтори дека тврдењата за употреба на звучно оружје се измислица и оти сите што го тврделе тоа лажеле, Видосављевиќ предупредува дека доколку се утврди спротивното, сите што давале такви изјави со цел прикривање на докази или сторители би можеле да одговараат за кривични дела против правосудството, за кои Кривичниот законик предвидува затворски казни.

Аферата „Генералштаб“ и укинувањето на статусот на културно наследство

Јавното обвинителство за организиран криминал, според пишувањето на британскиот весник „Гардијан“, потврдило дека поседува докази оти Вучиќ присуствувал на состанок со претставниците на институциите надлежни за заштита на културното наследство, свикан поради барањето за укинување на статусот на културно добро на зградите на Генералштабот.

Во врска со овој предмет веќе е во тек судење, меѓу другото и против поранешниот министер за култура во техничката влада, Никола Селаковиќ, кому му се заканува казна затвор до три години. Бидејќи ЈТОК наведува дека спроведува предистражна постапка за утврдување кривична одговорност и на други поединци, изјавата на поранешната директорка на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, Дубравка Ѓукановиќ – која тврди дека Вучиќ лично присуствувал на тој состанок – отвора можност и тој да стане предмет на истрагата.

Уривањето на настрешницата во Нови Сад и оспорените помилувања

Анкетната комисија за испитување на одговорноста за уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 16 лица, уште пред повеќе од една година извести дека несреќата била резултат на дејствување на организирана криминална група, изразувајќи основани сомнежи дека на нејзино чело бил токму Александар Вучиќ. Поранешната претседателка на Врховниот суд, Вида Петровиќ Шкеро, посочува дека од објавените владини документи се гледа оти сè што се преземало во врска со реконструкцијата му било доставувано на шефот на кабинетот на претседателот на одобрување.

Таа нагласува дека претседателот нема уставни овластувања да надгледува градежни работи и дека доколку се потврдат наодите на Анкетната комисија, тој би можел да одговара за злоупотреба на службената положба, при што мора да се испита и текот на милионските средства наменети за проектот. Истовремено, неформалната група „Одбрана на струката“ побара од ЈТОК да ја испита и законитоста на одлуките на Вучиќ за помилување на 49 лица, што исто така би можело да повлече одговорност за злоупотреба на службените овластувања доколку не била почитувана законската процедура за претходна согласност од надлежните институции.

Повик за сведочење во судскиот процес против Дарко Шариќ

Големо внимание во српската јавност предизвика и веста дека Вучиќ е повикан да сведочи во судскиот процес против Дарко Шариќ, обвинет за перење пари стекнати преку трговија со кокаин. Предлогот го даде претседателот на судечкиот совет, делумно поради напис во неделникот „Радар“ во кој беа објавени шифрирани Скај-пораки поврзани со Шариќ, во кои, како што се верува, се спомнува и поранешниот претседател на државата.

Поради оваа одлука, адвокатот на Дарко Шариќ побара изземање на судскиот совет, а конечната одлука по ова барање и за терминот на следното рочиште треба да ја донесе претседателот на Вишиот суд.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Уредникот на српски „Информер“ останува зад решетки: Одреден 30-дневен притвор за Драган Ј. Вучиќевиќ, неговиот син обвинува за политички прогон

Судот во Белград одреди 30-дневен притвор за директорката на „Алта груп“, благајничката во „Алта банка“ доби домашен притвор