во

Историски технолошки исчекор на Балканот: One Albania прв оператор во регионот што ќе ја тестира технологијата Direct-to-Device на SpaceX

Во телекомуникацискиот сектор во регионот се отвора ново поглавје – компанијата One Albania доби одобрение за тестирање на технологијата Direct-to-Device во соработка со SpaceX, со што стана првиот мобилен оператор во Западен Балкан што воведува директно поврзување на мобилните уреди со сателити!
Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Во Албанија започнува нова фаза во развојот на современите телекомуникации откако компанијата One Albania официјално доби одобрение од Агенцијата за електронски и поштенски комуникации (AKEP) да ја тестира технологијата Direct-to-Device (D2D) во партнерство со вселенскиот гигант SpaceX. Со оваа одлука, операторот се позиционира како прва телекомуникациска компанија во Западен Балкан што добива дозвола за тестирање на оваа нова генерација технологија наменета за директно поврзување на мобилните телефони со сателитска мрежа.

Издаденото одобрение има важност од 120 дена и претставува значаен чекор кон спојување на копнените мобилни и сателитските технологии. Во текот на пробниот период, сателитите на SpaceX ќе користат дел од радиофреквенцискиот спектар за кој One Albania поседува лиценца, со цел да воспостават директна комуникација со компатибилни мобилни уреди, со што операторот дава клучен придонес во интеграцијата на сателитската поврзаност во својата постојна мрежа.

Како функционира технологијата Direct-to-Device и што значи за корисниците?

Главната предност на технологијата Direct-to-Device е тоа што им овозможува на стандардните компатибилни мобилни телефони директно да се поврзат со сателити во орбитата, без никаква потреба од дополнителна или специјализирана сателитска опрема. На тој начин се отвораат сосема нови можности за непречена мобилна комуникација, особено во оддалечените рурални и планински предели, како и во туристичките дестинации каде што покриеноста со традиционална копнена мрежа е ограничена или целосно недостапна. Сателитската врска директно ја надополнува постојната мобилна инфраструктура, овозможувајќи сигнал надвор од досегот на копнените базни станици и значително зголемувајќи ја вкупната отпорност на мрежата.

Главниот извршен директор на One Albania, Барна Куволѓи, оцени дека статусот на прв оператор во Западен Балкан со дозвола за оваа технологија им отвора можност детално да истражат какви придобивки ќе им донесе новата генерација на поврзување на корисниците во иднина. Тој истакна дека клучен сегмент од проектот е придонесот на One Albania со ресурси од радиофреквенцискиот спектар, со што се овозможува директна врска меѓу мобилните уреди и сателитите на SpaceX, проширувајќи го досегот на комуникациите во потешко пристапните зони.

Дел од поширокото европско партнерство меѓу 4iG Group и SpaceX

Одобрението во Албанија доаѓа по крупен стратешки исчекор на европско ниво. Имено, во септември, матичната компанија на One Albania – групацијата 4iG Group – и SpaceX го потпишаа првиот договор во Европа за воведување на услугите Starlink Mobile и Sovereign Solutions, партнерство кое ги поврзува копнените мобилни мрежи со сателитската технологија и отвора нови перспективи за телекомуникациската и вселенската индустрија.

Инаку, One Albania важи за еден од водечките телекомуникациски оператори на албанскиот пазар, нудејќи мобилна и фиксна телефонија, брз интернет, дигитална телевизија и деловни решенија. Како дел од 4iG Group, компанијата континуирано вложува во напредни технологии, вклучувајќи 5G и оптичка инфраструктура, со цел да ја зајакне националната поврзаност и да ја забрза дигиталната трансформација на граѓаните, компаниите и институциите.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Стерјовски во ОН: Македонците во Албанија не смеат да станат колатерална штета во процесот на европска интеграција