во

Акција за раззеленување на Скопје: Ѓорѓиевски најави 3.500 нови садници, а до крајот на сезоната вкупно 6.000

Град Скопје започна со масовна акција за засадување на 3.500 нови садници низ целата територија на главниот град, а до крајот на актуелната сезона бројката се очекува да достигне вкупно 6.000 дрвја.

Обнова на зелените површини и нови паркови низ општините

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со оваа акција интензивно се обновува урбаното зеленило и се уредуваат јавните површини. Акцијата ги опфаќа постојните и новоподигнатите паркови, зелените појаси долж булеварите, како и јавните простори во секоја општина и маало низ градот.

Супер Попуст -25%

Според Ѓорѓиевски, инвестирањето во зеленило претставува директен влог во иднината на децата, обезбедувајќи повеќе природна сенка во летните денови, почист воздух и нови катчиња за рекреација, игра и дружење за сите скопјани.

„Скопје што дише“: Посветеност кон еколошки стандарди

Градоначалникот нагласи дека создавањето на зелено и чисто Скопје останува еден од неговите врвни приоритети во мандатот, порачувајќи дека секој засаден корен претставува ветување за поздраво и поубаво утре.

„Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат. За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рокас го предаде Извештајот на ЕК во Владата: Уставните измени остануваат клучнен услов за евроинтеграциите

Ризл таков преседан во Вашингтон: Џеј Ди Венс ја обвини војната со Иран за изборниот дебакл на републиканците