
Отворено спротивставување и политичко дистанцирање
Во внимателно срочена објава на социјалната мрежа „Икс“, потпретседателот Венс призна дека гласачите кои во 2024 година го поддржале Доналд Трамп, на овие среднорочни избори им свртеле грб на републиканците. Според анализата на Би-Би-Си, овој потег масовно се толкува како обид на Венс да се дистанцира од актуелната претседателска политика во пресрет на негова можна кандидатура за претседател во 2028 година.
-
La Linea v3
699 ден
524.25 ден
Иако Венс јавно го поддржуваше воениот конфликт по нападите во февруари, во приватни разговори тој отворено се противел. Само неколку часа по изборниот пораз, тој јасно стави до знаење дека влегувањето во војна го смета за сериозен политички гаф кој го чинел губењето на контролата во двата дома на Конгресот.
Реакцијата на Трамп и прашањето за нуклеарното оружје
Овој настан претставува редок преседан во поновата американска политичка историја, со оглед на тоа што актуелен потпретседател толку остра ја критикувал одлуката на претседателот во надворешната политика. Сепак, изненадување претставуваше и реакцијата на Доналд Трамп, кој иако бара безусловна лојалност, му остави простор за маневар на својот соработник.
Трамп ја призна улогата на војната во изборниот пораз, но остана цврст на својата одлука, истакнувајќи дека повторно би го направил истото со цел да се спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје.
„Ако некој сака да тврди дека тоа вредело – дека вредело да се изгуби Сенатот во следните шест години – нека излезе и нека го каже тоа. Без разлика дали се согласуваме или не, тоа е барем искрен став“, изјави Венс.


