во

Шок во Германија: Вицепремиерот на Баварија, Хуберт Ајвангер, пронајден мртов во хотелска соба во Берлин

Вицепремиерот и министер за економија на Баварија, Хуберт Ајвангер (55), е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин, а германските обвинители и полиција отворија истрага за утврдување на точните околности и причината за смртта.

Истрага за смртта и откажано обраќање

Според информациите од обвинителството, причините за смртта засега остануваат непознати, а портпаролот на надлежните институции истакна дека деталите не можат да се откријат од истражни причини. Полицијата спроведува сеопфатна истрага за да се утврди секој сегмент од настанот и целосно да се исклучи евентуална вмешаност на трета страна, а нареден е и процес на обдукција.

Супер Попуст -25%

Педесет и петгодишниот Ајвангер, кој во исто време беше и лидер на партијата Слободни гласачи, претходно го откажал своето најавено обраќање на отворањето на партиската канцеларија во Берлин поради здравствени причини, по што бил пронајден без знаци на живот во својата хотелска соба.

 

Политички пат и улога во Баварија

Хуберт Ајвангер беше истакната фигура во германската политика. Како лидер на партијата Слободни гласачи, тој одигра клучна улога кога неговата партија во 2018 година влезе во коалициската влада со конзервативната Христијанско-социјална унија (ЦСУ), со што ја презеде функцијата вицепремиер и министер за економија на јужната германска покраина Баварија.

Неговата ненадејна смрт предизвика шок и длабока неверица во германските политички кругови, додека јавноста со нетрпение ги очекува официјалните резултати од истрагата и обдукцијата.

„Точните околности во кои беше пронајден сè уште не можат да се откријат од истражни причини. Полицијата отвори истрага за да ги утврди околностите и причината за смртта и да ја исклучи можноста за вмешаност на трета страна“, соопштија од обвинителството.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пропаѓа ли договорот на Трамп за руски дизел? Санкционирани танкери го променија курсот кон САД

Нови инциденти во Персискиот Залив: Иранската гарда соопшти за пожари на два нафтени танкери во Ормускиот теснец