
Барања за зголемување на минималната плата и промена на економскиот курс
Главните теми што ги изведоа граѓаните на улиците се поврзани со куповната моќ, трошоците за живот и одржувањето на јавните служби. Левичарскиот синдикат ЦГТ, преку својата генерална секретарка Софи Бине, побара законското зголемување на минималната плата за десет проценти, на нешто над 2.000 евра бруто, со цел да се поттикне домашната побарувачка и да се закрепи економијата.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Синдикатите бараат напуштање на досегашните економски политики ориентирани кон понудата и префрлање на фокусот кон побарувачката, посочувајќи ги позитивните економски примери од земји како Шпанија.

Запрени клучни сектори и остри безбедносни мерки
Штрајковите зафатија витални државни сектори, меѓу кои образованието, железничкиот и авионскиот сообраќај, како и болниците. Железничките превозници веќе регистрираа нарушувања во регионалниот и меѓуградскиот сообраќај, додека на терен се распоредени 70.000 полицајци и жандарми.
Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез предупреди на редење остри мерки во случај протестите да излезат од контрола. Истовремено, на протестите им се приклучија и ученици, студенти и движењата на „Жолтите елеци“, стремејќи се кон обединување на социјалното незадоволство.
Судска одлука за маршрутата на протестот во Париз
Дополнителни тензии предизвика одлуката на Парискиот управен суд, кој ја отфрли жалбата на синдикатите против промената на првичната маршута на протестот во центарот на Париз, повикувајќи се на „крајно напната општествена состојба“ и претходните немири.
Денешниот одзив на работниците и граѓаните ќе служи како клучн показател за тоа колку интензивни и долготрајни би можеле да бидат протестите во наредниот период.
„Потребна ни е политика ориентирана кон побарувачката. Треба да ги зголемиме платите за да ја поттикнеме домашната потрошувачка“, изјави генералната секретарка на ЦГТ, Софи Бине.


