
Континуиран напредок низ годините
Според зборовите на министерот, оваа оценка претставува значаен скок во однос на претходните години, кога државата се соочувала со послаби рејтинзи. Андоновски нагласи дека од оцетката „ограничен напредок“ во периодот од 2021 до 2024 година, преку „одреден напредок“ во 2025, годинава е постигнат вистински пресврт со оценка „добар напредок“, што е резултат на посветена работа и конкретни решенија на тимовите.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден
Тој истакна дека фокусот на сите реформи е насочен кон подобрување на секојдневието на граѓаните и бизнис-секторот.
Крајна цел: Ефикасна администрација и помалку бирократија
Министерот посочи дека најважниот аспект од овие реформи е тие директно да се почувствуваат во секојдневниот живот, преку помалку чекање на шалтери, помалку документри и поефикасни електронски услуги за граѓаните и компаниите.
Позитивната оценка од Европската комисија, според Андоновски, претставува признание за досегашните резултати, но и обврска процесот на дигитална трансформација да продолжи со уште посилно темпо во иднина.
„За мене, најважно е реформите да се чувствуваат во секојдневието — помалку чекање, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните и компаниите. Оценката е признание за сработеното и обврска да продолжиме уште посилно“, порача министерот Стефан Андоновски.


