
Политичка пресметка и притисоци врз опозицијата
Преку официјално соопштение, од СДСМ реагираат дека кривичните пријави против претседателот на партијата Венко Филипче, како и против Александар Саша Димитријевиќ, Андреј Жерновски и Александар Трајановски, се поднесени од Трајко Славески по директен налог на Мицкоски. Според социјалдемократите, ова претставува класичен притисок и заплашување на опозицијата според модел кој е „копиран од српскиот претседател Александар Вучиќ“.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
СДСМ предупредува дека со ваквите потези, Македонија забрзано се претвора во заробена држава, апелирајќи до јавниот обвинител да не станува соучесник, како што велат, во оваа организирана група.
Скандалот со Алта банка и перењето пари
Во центарот на овие обвинувања е влезот на „Алта банка“ на македонскиот финансиски пазар. Од СДСМ тврдат дека веќе 11 месеци предупредуваат за оваа банка, посочувајќи дека таа е под санкции во Австрија, забранета во Црна Гора и е предмет на истрага за потекло на имот во Србија. Партијата наведува дека по информациите за апсењето на Давор Мацура и одземањето на лиценцата, станало јасно „каква пералница на пари“ е донесена во земјата.
Опозицијата ги отфрла обвинувањата на власта дека шири паника, префрлувајќи ја одговорноста директно кај премиерот Мицкоски, кого го обвинија за изнесување лаги за време на надзорната расправа во Собранието.
„Граѓаните знаат дека Мицкоски сè работи по налог на Вучиќ, како што беше внесувањето на Aлта банка во Македонија, неговата лична пералница на пари. Овој пат го презема неговиот модел на кривични пријави, притисок и заплаашување на опозицијата.“ — стои во соопштението на СДСМ.


