
Барање за одговорност и проверка по член 315 од Кривичниот законик
Според владејачката партија, опозицискиот СДС со своите редовни прес-конференции и неофицијални тврдења намерно создава лажна паника, ја вознемирува јавноста и ја поткопува довербата на граѓаните во целокупниот банкарски и финансиски систем на државата заради ситни политички поени. ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството темелно да провери дали во дејствијата на опозицијата постојат елементи на кривичното дело саботажа согласно член 315 од Кривичниот законик, особено по нивните настапи пред Народната банка.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Во соопштението партијата потсетува и на низа претходни политички соочувања кои ја одбележаа јавната сцена, нагласувајќи дека финансиската сигурност и стабилноста на граѓаните не смеат да бидат алатка за дневнополитички пресметки.
Прашања до обвинителството и апел за владеење на правото
Владејачката партија децидна е дека молкот на институциите повеќе не е опција, поставувајќи го прашањето дали секој може неказнето да пласира тврдења кои direktno им штетат на граѓаните и финансиските институции.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Обвинителството мора да постапува исклучиво согласно со законите и да спречи какви било обиди за политички манипулации кои можат да предизвикаат економски последици.
„Јавното обвинителство мора да одговори на едно едноставно прашање: дали во оваа држава секој може без одговорност да пласира тврдења што можат да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните и да ја нарушат довербата во финансиските институции?“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


