
Барање за лидерска средба и дефинирање на црвените линии
Во гостување на телевизија Сител, претседатело на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, изјави дека неговата партија е подготвена да ја напушти владината коалиција доколку се донесе одлука правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Тој истакна дека ова прашање досега не било отворено меѓу коалициските партнери и најави дека од премиерот Христијан Мицкоски ќе побара итно свикување на лидерска средба на владината коалиција за да се дефинираат ставовите и идните чекори.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Според Димитриевски, ова прашање нема само административен карактер, туку длабоко влијае врз стабилноста и функционирањето на целиот правосуден систем во државата.
Предупредувања за уредувањето на државата и референции кон Венецијанската комисија
Лидерот на ЗНАМ предупреди дека зад одредени иницијативи за проширување на јазичната употреба се кријат пошироки политички цели, нагласувајќи дека во земјата постојат сили кои се залагаат за нејзино преуредување во конфедерација. Тој се повика и на препораките на Венецијанската комисија од 2019 година, истакнувајќи дека проширувањето на јазиците во правосудството може дополнително да ги усложни процесите.
И покрај тоа што нагласи дека ЗНАМ нема против повеќејазичната пракса во локалните самоуправи, каков што е примерот со Куманово, Димитриевски дециден е дека партијата нема да поддржи промени во правосудниот испит, дури и по цена на излегување од власта.
„На следната средба со премиерот ќе побарам лидерска средба затоа што ние никогаш со нашите партнери во Владата немаме отворено разговарано за ова прашање…“


