
Цел: Пад на вредноста и преземање од бизнис-кругови
Според партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, политизирањето на темата за српската банка и креирањето приказни за таканаречениот „српски свет“ се само политички параван за вистинските мотиви. Владејачката партија тврди дека Филипче и СДСМ, преку континуиран притисок кон Народната банка (НБРМ) и ширење недоверба, свесно ја уриваат пазарната позиција на банката за бизнисмен близок до нив да може да ја купи по значително пониска цена.
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Целта на опозицијата, според ВМРО-ДПМНЕ, е да се предизвика општа паника во јавноста и кај депонентите, со што би се создале идеални услови за преземање на капиталот од страна на бизнис-кругови блиски до раководството на СДСМ и кланот Заеви.
Кривична одговорност и гаранции за стабилност
Како поткрепа за овие тврдења, партијата ја посочува неодамнешната изјава на генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ, кој јавно побара од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) да не ги исплаќа пензиите на корисниците преку „Алта банка“. Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека ваквото повикување на блокада на исплати претставува кривично дело според член 315 од Кривичниот законик.
Оценувајќи ги постапките на опозицијата како груба политичка злоупотреба, од владејачката партија испратија порака за смирување на јавноста.
„Граѓаните да бидат спокојни. Сè додека премиер е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е на власт, плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


