
Сомнежи за „враќање долгови“ и влијанија врз судството
Во своето официјално соопштение, ВЛЕН отвора сериозни прашања за можни надворешни влијанија врз судските одлуки, обвинувајќи за поврзаност на поранешната власт со тајните служби и организираниот криминал, алудирајќи на таканаречениот сојуз на хотел „Мериот“.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
„Дали Сашо Мијалков му го враќа долгот на Артан Груби за услугите што овој му ги правел, оставајќи го на слобода додека Албанците гниеја по затворите? Дали ова е сметката за манипулацијата со правосудниот систем преку послушни судии, поради што Артан Груби заврши на американската црна листа?“, прашуваат јавно од партијата, барајќи итно објаснување од надлежните органи во судството и обвинителството.
Милионска гаранција и повик за меѓународно следење
Од партијата потсетуваат дека покрај Артан Груби, кој се наоѓа на американската „црна листа“ поради коруптивни активности поврзани со Мијалков, на слобода е пуштен и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами. Тој беше ослободен од притвор со понудена финансиска гаранција од дури 1,2 милиони евра, иако и двајцата повеќе од една година беа во бегство од правдата.
Како политичка опција на власт, ВЛЕН најавува дека ќе ги искористи сите институционални механизми за целосно расветлување на овој скандал. Истовремено, тие ги повикаа меѓународните претставници и странските амбасади во земјава внимателно да го следат случајот, предупредувајќи на сериозна деградација на институциите.
„Груби и Бајрами не смеат да бидат над законот. Никој не смее да ја избегне одговорноста за направеното. Одговорност ќе има, а правдата ќе стигне до секого“, децидно порачуваат од ВЛЕН.


