
Скандалот со Еуростандард и повлечените средства
Од владејачката партија прашуваат каде биле Филипче и СДСМ кога граѓаните и штедачите претрпеа огромни штети од затворањето на Еуростандард банка. Тие потсетуваат на бројните сомнежи за кредитирање на фирми блиски до тогашното раководство на СДСМ и Зоран Заев, потенцирајќи ги двојните аршини на опозицијата.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Посебен акцент во реакцијата се става на потегот на тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска. „Граѓаните знаат дека неколку дена пред да пропадне банката, Ангеловска си повлече од неа 250 илјади евра. Познат е и начинот на кој беше одземена дозволата за работа, без претходно да биде воведена друга форма на администрација“, велат од партијата.
Институционално постапување наспроти политички манипулации
Според ВМРО-ДПМНЕ, денешните настапи на СДСМ звучат премногу лицемерно, бидејќи банкарскиот систем не смее да биде предмет на политички манипулации, ниту пак институциите да се користат за меѓупартиски пресметки.
„Разликата е јасна, сега се бара одговорност и институционално постапување, а тогаш се посегнало по криминал. Не може СДС да глумат загриженост денес, а да се заборави нивниот начин на владеење. Двојните аршини на СДС нема да поминат“, се заклучува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.


