во

Агатангел отворено навива за власта: ВМРО-ДПМНЕ да владее колку Тито, опозицијата да не се врати

Митрополитот повардарски Агатангел повторно отворено застана зад владејачката партија, посакувајќи им да владеат колку што владеел Тито со Југославија. Од МПЦ-ОА повторуваат дека тоа е негов личен став, додека експертите предупредуваат на штетата по угледот на Црквата.

Во своето последно телевизиско гостување, владиката изнесе жестоки политички ставови, посакувајќи ѝ на опозицијата повеќе никогаш да не се врати на власт. Овој негов настап повторно го отвори прашањето: може ли еден митрополит отворено да поддржува политичка партија, а истовремено да биде духовен пастир на верници со различни политички убедувања?

Црквата се дистанцира, Синодот не расправал

Супер Попуст -25%

Од Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) за медиумите изјавија дека Светиот архијерејски синод на последната седница воопшто не го отворил прашањето за овие изјави. Од црковното раководство единствено нагласуваат дека личното мислење на еден митрополит не е официјален став на целиот Синод. Засега нема најави дали овие политички настапи ќе бидат разгледувани во иднина.

„Јас им реков: колку што владееше претседателот на Југославија, толку ќе владее и ВМРО-ДПМНЕ сега. Немате шанси повеќе да дојдете на власт. И дај Боже да остане така.“

Лоша слика и нарушен углед на МПЦ-ОА

Познавачите на црковните состојби, како новинарот Марјан Николовски, забележуваат дека Синодот не може бесконечно да се крие зад формулацијата „лични ставови“. Тој посочува дека иако МПЦ-ОА официјално не води политика, таа низ годините најчесто била блиска до власта, без разлика која политичка опција е раководна. Николовски потсетува дека владиката Агатангел, заедно со митрополитот Петар, низ годините беа активни предводници на протести против политички одлуки, што неминовно нанесува штета на општата слика за црквата во општеството.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Светски триумф на Манчевски: „Сестра, брат и шахта“ предизвика невидена екстаза во Токио!