во

СДСМ со остри критики: Левица сака да ја внесе Македонија во БРИКС и да ја направи руска губернија

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) упати остри критики кон политичката партија Левица, обвинувајќи ја дека работи против евроатлантскиот пат на државата и дека претставува проруска партија чија цел е влез на Македонија во БРИКС.

Посетата на Москва и средбата со Зјуганов

Реакцијата на опозициската СДСМ доаѓа откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев, заедно со сопартијците Реџеп Исмаил-Хактан и Александар Симонов, учествуваше на форум на БРИКС во Москва. Од СДСМ посочуваат дека делегацијата остварила средби со претставници на Евроазиската економска унија, како и со рускиот политичар Генадиј Зјуганов, за кого нагласуваат дека се наоѓа на американската црна листа.

Супер Попуст -25%

„Со изјавите дека Македонија има интерес да ги проширува хоризонтите кон новите глобални центри, паднаа маските. Левица има јасен став против НАТО и ЕУ, во држава каде над 80 отсто од граѓаните го поддржуваат евроатлантскиот пат и каде стратешки партнер е Америка“, се вели во партиското соопштение на социјалдемократите.

 

„Сателит на Мицкоски и противник на работниците“

Во своето соопштение, СДСМ тврди дека Левица не дејствува како вистинска опозиција, туку ја нарекува „сателит и спутник“ на премиерот Христијан Мицкоски, кој според нив, одработува за изолација и сиромаштија на земјата. Партијата дополнително ја критикува Левица за лицемерие кон работничките права, посочувајќи дека нејзините пратеници не гласале за предлогот за минимална плата од 600 евра.

СДСМ потенцира дека местото на државата не е во сојузи со држави кои се под меѓународни санкции, туку исклучиво во западната алијанса.

„Македонија не сака да биде предградие на Москва, руска губернија и руска покраина. Иднината на државата е во Европската Унија, со закон за сите и независно европско обвинителство и Лаура Ковеши, а не во БРИКС“, порачуваат од СДСМ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трагедија во БиХ: Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, четворица загинати и 11 повредени Италијанци

Левица прашува: Кој е стручњакот што ги остави улиците во Аеродром како мински полиња?