
Обвинувања за матни зделки и скриени релации
На денешната прес-конференција, лидерот на опозицијата посочи на наводни сомнителни релации со компанијата „Руднап“, бизнисменот Душан Адамовиќ и министерката за енергетика, Сања Божиновска. Според Филипче, оваа шема вклучува трговија со струја, броила и купопродажни договори, а министерката ја нарече „локален изведувач“ на овие бизнис-интереси.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Тој директно го повика премиерот Христијан Мицкоски да ја објасни својата релација со Адамовиќ, истакнувајќи дека постојат фотографии од нивни средби за кои премиерот досега не дал одговор во јавноста.
Распродажба на ресурсите и најава за одговорност
Филипче ја обвини власта за неодговорно располагање со националните ресурси, посочувајќи дека државното богатство се распродава преку давање вода за дата-центри и земја за рудници. Тој порача дека енергетиката е само дел од еден поширок систем на поврзани политички и бизнис интереси, најавувајќи дека опозицијата нема да дозволи тоа да помине неказнето.
„Сè е тоа една голема коруптивна шема со којашто се крадат парите на граѓаните, се осиромашува Македонија, сè во интерес на бизнис-интересите на оваа власт. Не само што ќе има одговорност, ќе вратат пари. Сите, до последен денар, коишто го украле од Буџетот, од иднината на децата и на граѓаните, да знаат дека ќе ги вратат“, дециден беше Филипче.


