
Пораз за изборниот инженеринг и институционалната контрола
Според соопштението на партијата, овој демократски пресврт претставува директна шлаканица за сите системи кои опстојуваат преку масовна контрола на медиумите, злоупотреба на државниот буџет за партиски цели и целосна партизација на институциите. Од ЛДП посочуваат дека Србија докажала оти демократскиот капацитет е длабоко всаден во граѓаните и дека секоја машинерија за изборен инженеринг паѓа пред вистинската волја на народот.
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Студентите и младите, според партијата, докажале дека тие се единствениот вистински суверен и дека ниедна власт не може да биде посилна од желбата за слобода и правна држава.
Европска иднина и порака до регионот
ЛДП изразува надеж дека со овој политички чин, Србија конечно се враќа на вистинскиот европски пат, додавајќи дека времето на политичките монополи на Балканот полека завршува. Лидерката на партијата и пратеничка, Моника Зајкова, нагласи дека мора да постои казнивост за корупцијата и еднаква правда за сите.
„Студентите и граѓаните на Србија покажаа дека со енергија и одлучност можат да бидат тие кои ќе одлучат за иднината на својот народ – надвор од сите манипулации, надвор од злоупотребата на медиумите и надвор од воспоставените автократски матрици! Ова е доказ за целиот регион дека единствено демократијата, транспарентноста и одлучноста на граѓаните победуваат“, изјави Зајкова.


