
Синдикална кошничка од 70.000 денари
Според пресметките кои ги презентираше партијата, само за храна и пијалаци во текот на месец октомври на едно четиричлено семејство му биле потребни 26.170 денари. Од СДСМ посочуваат дека од почетокот на годинава, овој основен трошок е зголемен за речиси 2.000 денари.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
„Потрошувачката кошничка е над 70 илјади денари, а со вкалкулирани трошоци за станбено прашање надминува 90 илјади денари. Во вакви услови, ниту три просечни плати не се доволни за да се покријат основните животни трошоци“, се наведува во партиското соопштение.
Увоз на странски работници наместо повисок стандард
Од СДСМ алармираат за загрижувачката статистика според која дури 33 отсто од работниците во државата живеат во сиромаштија. Тие потенцираат дека од вкупно 540.000 вработени лица, околу 180.000 земаат месечна плата помала од 31.200 денари.
Дополнително, партијата ја обвинува Владата дека наместо да работи на зголемување на платите на македонските граѓани, планира масовен увоз на евтина странска работна сила.
„Наместо да ги зголеми платите, власта размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници, а Мицкоски над 100.000. Оваа сурова реалност е одлука на Мицкоски – работниците да работат за малку пари и да бидат сиромашни“, порачуваат од СДСМ.


