во

Мицкоски со силна порака: Не се занимавам со коски од минатото, туку со иднината на нашите деца!

Политичарите мора да гледаат напред. Премиерот Христијан Мицкоски на Денот на македонската револуционерна борба порача дека неговиот фокус е градењето подобра иднина, а не заглавувањето во историските прашања кои се користат за уцени.

Во своето празнично обраќање по повод 23 Октомври, премиерот Мицкоски испрати јасни пораки до домашната јавност, но и до соседите и меѓународната заедница. Тој нагласи дека слободата и државноста носат огромна одговорност за зачувување на македонскиот идентитет. „Свои на своето. Со корен во минатото и со верба во иднината“, порача тој, истакнувајќи дека историското паметење и јазикот се вредности кои не подлежат на туѓо одобрување.

Патот кон ЕУ е партија шах

Супер Попуст -25%

Говорејќи за евроинтегративниот процес и односите со Бугарија, Мицкоски потенцираше дека државата поминува низ тежок пат обременет со билатерални спорови. Сепак, тој е дециден дека нема да отстапи од заштитата на националните интереси и дека нема да дозволи притисоците да ја променат неговата позиција. Премиерот ја спореди политиката со партија шах, посочувајќи дека и големите се победуваат со мудрост, а не со натпревар во мускули.

„Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото, туку со обезбедување иднина која им припаѓа на нашите деца. Ниту еден притисок не може да го избрише Гоце Делчев од срцето на македонскиот народ.“

Економија и развој наместо политички поделби

Одговарајќи на критиките од опозицијата и обидите за создавање внатрешни поделби преку вештачки етнички теми, премиерот посочи кон реалните резултати на Владата. Тој најави реализација на над 1.200 инфраструктурни и економски проекти низ општините, вложувања од 90 милиони евра во образованието и градење на шест автопатски делници. Според него, одговорот на сите напади ќе биде исклучиво преку работа, енергија и одржување на најниската стапка на инфлација во регионот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Изборен молк во Србија: Забранета секаква политичка кампања до недела во 20 часот

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот народ, Гоце е Македонија!