
Во своето празнично обраќање, тој истакна дека македонското име, јазик, култура и историско паметење се темелни вредности кои мора да се пренесат на идните генерации. Државата треба да гради пријателства и соработка со сите, но истовремено цврсто да бара почит за сопственото достоинство. Според него, нашето место во Европа треба да се гради преку реформи и силни институции.
Гоце Делчев не може да се избрише од срцето на народот
-
La Linea v3
699 ден
524.25 ден
Зборувајќи за историските предизвици и односите со соседите, премиерот нагласи дека историското паметење не зависи од туѓо одобрување. Тој порача дека ниту еден притисок не може да го избрише ликот и делото на Гоце Делчев, заклучувајќи дека „Гоце е Македонија“. Неговата задача како премиер не е да се занимава со коски од минатото, туку да обезбеди сигурна иднина која им припаѓа на децата.
„Јас на политиката не гледам како на натпревар во мускули, туку повеќе како на партија шах. И силните се победуваат со мудрост. Со мудрост може да има иднина.“
Одговорност и заштита од вештачки поделби
Осврнувајќи се на евроинтеграциите, Мицкоски призна дека граѓаните се изморени од долгото чекање и билатералните спорови, но повика борбата да продолжи преку долгорочна стратегија и мудрост. Тој ги предупреди граѓаните да не подлегнуваат на провокации и хиперболизирани етнички теми, кои имаат за цел создавање вештачки поделби. Премиерот заклучи дека држава се води исклучиво со отворени очи за стварноста и со искрено чувство за потребите и животот на луѓето.

