
Рекордна излезност и убедливо мнозинство за студентите
Според проекциите базирани на обработен примерок од независните набљудувачи, Студентската листа „Студентите победуваат“ освојува над 52 отсто од гласовите, со што обезбедува апсолутно мнозинство од 135 до 140 пратенички мандати. Листата „Обединета Србија“ предводена од Вучиќ добива околу 39 отсто од гласовите или околу 105 мандати. Клучот за ваквиот пресврт лежи во рекордната излезност од речиси 70 отсто – највисока од распадот на Југославија.
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Изборите донесоа уште еден значаен политички пораз. Долгогодишниот партнер на Вучиќ, Ивица Дачиќ, остана надвор од Собранието освојувајќи само 2,3 отсто, што е под изборниот праг. Слаб резултат забележа и проевропската опозиција, што значи дека новиот парламент ќе биде главно составен од два големи политички блока и малцинските партии.

Славје на улиците и нови предизвици за новата власт
По објавата на изборните резултати, улиците на Белград и другите градови експлодираа од еуфорија, проследена со скандирања за победа и палење факели. Граѓаните дури упаднаа и го демонтираа „Ќациленд“, провладиниот шаторски камп поставен пред Собранието.
„Јасно е дека ги изгубивме овие избори. Нема да ги оспоруваме резултатите пред судовите ниту, пак, ќе го блокираме конституирањето на новиот парламент“, изјави Александар Вучиќ од изборниот штаб, обвинувајќи ги странските земји за мешање во политиката и најавувајќи дека неговата партија има цврста структура за делување во опозиција.


