
Резултати од паралелното пребројување
Резултатите од паралелното пребројување на социолошките агенции регистрирани во ЦИК покажуваат тесна битка меѓу водечките кандидати. Според социолошката агенција „Тренд“, Јотова и Валчев освоиле 36,5 отсто од гласовите, а двоецот Ѓуров-Кандев 31 процент. Од друга страна, „Маркет линкс“ објави дека Ѓуров и Кандев освоиле 33,5 проценти, додека Јотова и Валчев 32,7 проценти.
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден
На прес-конференцијата по првиот изборен круг, Јотова упати порака до бугарските граѓани, истакнувајќи дека е илузија да се мисли дека ако не гласаат, нешто во земјата може да се промени. Таа посочи дека неучеството на втората политичка сила, ГЕРБ, значително влијаело на излезноста.

Повик за отворена дебата и втор круг
Претседателскиот кандидат Андреј Ѓуров од својот изборен штаб ја повика Јотова на отворена, искрена и цивилизирана дебата пред бугарските граѓани, каде што двајцата би ги искажале своите ставови за тоа како ќе ги користат претседателските овластувања. Вториот круг од претседателските избори е закажан за 1 ноември.
„На крајот на краиштата, Бугарија е една и не треба да се дели на наша и ваша. Ова е огромна доверба, која нè обврзува да ја продолжиме битката за нов правец на Бугарија“, изјави Ѓуров, заблагодарувајќи се на сите што излегле на гласање.


