во

Семејно насилство во Скопје: 27-годишник уапсен откако ги нападнал родителите и сестрата

Полициски службеници од СВР Скопје уапсија 27-годишен скопјанец, откако тој во семејниот дом физички ги нападнал своите родители и неговата сестра.

Физичка пресметка по семејна расправија

Инцидентот се случил доцна вечерта кога по кратка вербална расправија ситуацијата ескалирала во физичко насилство. Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, пријавата за нарушување на јавниот ред и мир во семејниот дом била поднесена околу 23:00 часот.

Супер Попуст -25%

Кратко по пријавата, вчера во 00:15 часот, полициските службеници реагирале на повикот и го лишиле од слобода осомничениот К.А. (27) од скопско.

„Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.А.(27) од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека по кратка расправија во семејниот дом, физички ги нападнал неговите родители и неговата сестра. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок“, се наведува во редовниот полициски билтен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зајкова и ЛДП за изборите во Србија: Граѓаните покажаа дека демократската одлучност е посилна од секоја власт

Тешка дискриминација во скопска ИТ-компанија: Вработен со аутизам со години малтретиран, па избркан од работа