
Порано разденување, но побрзо стемнување
Со оваа промена, граѓаните добија еден час повеќе за спиење, но визуелно денот ќе изгледа значително пократок. Наутро ќе се разденува порано, но веќе во попладневните часови побрзо ќе паѓа мрак. Зимското сметање на времето е стандардна практика која се применува од последниот викенд во октомври сè до последниот викенд во март, кога повторно се враќаме на летното време.
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
И покрај повеќегодишните иницијативи за укинување на сезонското менување на времето, оваа практика сè уште е во сила во Северна Македонија и во голем број европски земји.
Кои земји го укинаа поместувањето на часовниците?
Меѓу европските земји кои веќе не го менуваат времето се наоѓаат Исланд, Русија и Белорусија. На глобално ниво, сезонското менување на времето не се применува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, како и во најголемиот дел од африканските земји.
„Европскиот парламент уште во март 2019 година изгласа предлог за укинување на сезонското поместување на часовниците, со првично планирана примена од 2021 година. Сепак, Советот на Европската Унија сè уште нема донесено конечна одлука за ова прашање, поради што традицијата продолжува“, потсетуваат институциите.


