
Откажани настапи и прашања за замор
Во пресрет на конгресните избори закажани за 3 ноември, одлуката на Трамп да ги прекине настапите во живо овој викенд и да одржи серија собири преку телефон, отвори прашања во јавноста за можен замор по интензивната кампања. По враќањето од собир во Јужна Каролина, новинарот на „Ројтерс“, Џејкоб Богејџ, го прашал претседателот како се чувствува по бројните патувања и дали откажувањето на Канзас значи дека е преморен.
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Трамп веднаш возвратил дека се чувствува „многу добро“ и изразил уверување дека републиканците ќе остварат одличен резултат, но прашањето за заморот предизвикало бурна и навредлива реакција.
Q: "You not going to Kansas has nothing to do with you being sick of travel?"
President Trump: "You're sick to ask that question. You are sick…I don't feel I have to go to Kansas…I feel perfect. You are disgusting. Put yourself in shape. You look like hell!" pic.twitter.com/8jfPolxExW
— CSPAN (@cspan) October 29, 2026
Остри навреди кон новинарот
Претседателот веднаш преминал на лични навреди, нарекувајќи го новинарот „болен“ поради самото поставување на прашањето. Трамп појаснил дека не оди во Канзас бидејќи републиканскиот сенатор Роџер Маршал таму веќе стои многу добро според анкетите, па затоа оценил дека нема потреба од физичко присуство и ќе одржи телефонски собир, додека веќе следниот ден патува за Флорида.
Сепак, Трамп не застанал на политичкото објаснување, туку продолжил да го коментира физичкиот изглед на новинарот кој ја следел неговата кампања во изминатите две недели.
„Болен си штом поставуваш такво прашање… Ме следиш веќе две недели. Се чувствувам совршено. Одвратен си – доведи се во форма, изгледаш ужасно“, му порачал Трамп на новинарот од „Ројтерс“.


