во

ДОМ до Владата: Економскиот раст нема вредност ако не се чувствува во паричниците и во воздухот што го дишеме

Позитивните извештаи од Светската банка и економскиот раст од 4,3% во вториот квартал се добри вести за статистиката, но останува клучното прашање кога граѓаните ќе го почувствуваат тој раст во своите паричници, во болниците и во воздухот што го дишат, реагираат од партијата ДОМ.

Индекс за квалитет на живот наместо суви проценти

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) истакнува дека современите европски демократии одамна не го мерат успехот само преку Бруто Домашниот Производ (БДП). Според нив, растот нема никаква вредност доколку истовремено растат цените во маркетите, граѓаните губат денови во бирократски лавиринти, а младите дишат отровен воздух.

Супер Попуст -25%

Затоа, партијата бара итно воведување на Индекс за квалитет на живот (Well-being Index) при креирањето на државниот буџет, потенцирајќи дека државните субвенции за инвеститорите треба да се условат со висината на платите и нивното влијание врз животната средина.

Здравјето пред профитот и паметна еко-дигитализација

ДОМ предлага зелена и одржлива дигитализација, наместо скапи тендери за огромни дата-центри кои трошат енормна електрична енергија и вода. Според нив, граѓанинот треба да добие брза услуга, но без тоа да создава нов еколошки товар за државата.

Во однос на јавните финансии, партијата бара еколошките такси да бидат строго наменски. Секој денар собран од загадувачите мора директно да се врати во зелена инфраструктура, енергетски ефикасни домови и чист транспорт. Квалитетните јавни услуги, според ДОМ, значат реновирани училишта и опремени клиники, а не само предизборно асфалтирање на патишта.

„Светската банка порачува дека ни требаат структурни реформи. ДОМ порачува дека тие реформи мора да имаат човечки лик. Граѓаните на Македонија не сакаат само да слушаат дека економијата расте – тие сакаат да живеат во држава каде што тој раст им овозможува европски животен стандард, економска сигурност и здрава животна средина.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЛДП: Лицемерие на Владата – најавува дигитализација со „мУслуги“, а тајно вработува илјадници партиски војници

АХВ заплени над два тона месо: Откриена нелегална работилница која продавала кулен и сланина преку Фејсбук