
Одземени два тона месо во Радовиш наменети за „Дрисла“
Во рамки на засилените инспекциски контроли во малопродажни објекти во Радовиш, инспекторите на АХВ конфискувале огромно количество на небезбедно месо. Целокупната количина од речиси два тона одземени производи е наменета за безбедно уништување на депонијата „Дрисла“.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Од Агенцијата предупредуваат дека ваквите производи претставуваат сериозен ризик за безбедноста на храната и за здравјето на потрошувачите, пред сè поради непознатото потекло и отсуството на соодветна контрола врз процесот на производство и чување.
Нелегална работилница во Пепелиште и продажба преку Фејсбук
Покрај акцијата во Радовиш, инспекторите спровеле вонредна контрола и во селото Пепелиште, општина Неготино. Таму било откриено лице кое целосно надвор од законот, без соодветно одобрение, произведувало димени месни производи и чварки, кои потоа ги нудело на продажба преку социјалните мрежи.
При оваа контрола биле одземени дополнителни 50 килограми месни производи, меѓу кои печеница, кулен и димена сланина. За сите производи било утврдено дека немаат декларации со податоци за потеклото, а самото производство и преработка се одвивале во крајно несоодветни и нехигиенски услови.
„Агенцијата најавува продолжување на засилените инспекциски контроли со цел откривање и спречување на нелегалното производство и продажба на храна, како и заштита на здравјето на граѓаните.“


