
Монетарниот суверенитет и животниот стандард на граѓаните
Говорејќи во Музејот на Народната банка за историскиот развој и трансформацијата на институцијата низ различните економски и општествени промени, претседателката Сиљановска-Давкова посебно ја нагласи 1991 година, кога со осамостојувањето на државата беше воспоставен и монетарниот суверенитет.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Таа потенцираше дека ценовната стабилност има непосредно влијание врз животниот стандард на граѓаните, обезбедувајќи сигурност на семејните буџети. Само во стабилни финансиски услови, домаќинствата и компаниите можат сигурно да ја планираат својата иднина, поради што монетарната стабилност претставува вистинско јавно добро кое го споделува целото општество.
Нови глобални предизвици за централните банки
Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова се осврна и на современите предизвици со кои се соочуваат централните банки, како што се глобалните финансиски кризи, геополитичките тензии, климатските промени и забрзаниот технолошки развој. Како одговор на овие предизвици, неопходно е постојано унапредување на аналитичките капацитети, инвестирање во знаење и развој на механизми за одговорно управување со ризиците.
На свеченоста, на која беше прикажан и документарен филм за развојот на централното банкарство, се обрати и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Претседателката упати честитки и оддаде признание на сите генерации раководители и вработени кои придонеле за градењето на институцијата.
„Институционалната независност и отчетноста се предуслови за професионално одлучување и заштита на јавниот интерес. Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чии придобивки ги споделува целото општество.“


