
Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот истакна дека ставовите на опозицијата се далеку од вистината. Според неговите зборови, државата до почетокот на 2024 година се движела директно кон економски колапс, но сега состојбата е успешно консолидирана. Тој потенцираше дека и покрај екстремно тешките услови во светот, домашните економски параметри покажуваат завидна стабилност.
Извозот бележи побрз раст од увозот
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Како клучен аргумент за економското заздравување, Мицкоски ги посочи податоците за трговската размена во последните два месеци од третиот квартал. Извозот бележи раст од речиси 11,5 проценти, додека увозот расте со стапка од 8,5 проценти. Овој позитивен тренд се случува во период кога најголемите трговски партнери на земјава од Европската Унија се соочуваат со огромни предизвици.
„Економијата се движеше директно во банкрот, но за среќа, успеваме да ја консолидираме во екстремно тешки услови. Сите параметри укажуваат дека нашата економија е многу постабилна од било која во регионот.“
Премиерот го оцени овој раст како голем успех, потенцирајќи дека владината политика, заедно со субвенционираните кредити наменети за компаниите, резултира со зголемена инвестициска активност и напредно производство. Овие изјави тој ги даде за време на презентацијата на новиот извештај на Светска банка насловен „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“, кој претходно беше претставен и пред пратениците во Собранието.


