
Појаснување за сумата од 140.000 евра
Во соопштението испратено до медиумите, тимот на популарниот музичар посебно се осврна на сумата од 140.000 евра, која во изминатите денови предизвика бројни реакции во јавноста. Оттаму појаснуваат дека станува збор за бруто-износ кој не се однесувал само на хонорарот на пејачот, туку на целокупната продукција и промоција.
Моделот бил предложен од Градот Сплит
Од менаџментот на Дино Мерлин дополнително нагласуваат дека токму ваквиот модел на организација бил предложен од страна на Градот Сплит, кој притоа се повикал на минатогодишната новогодишна програма во Дубровник.
„Сакаме јасно да истакнеме дека понудената и прифатена цена изнесуваше 140.000 евра бруто за ангажманот на изведувачот и целиот тим вклучен во подготовката на концертниот спектакл, како и за спроведување на сеопфатна дигитална промотивна кампања“, наведуваат од тимот на Дино Мерлин.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден







