во

Милошоски: Уставот не е конзерва риби да се отвора кога ќе ви текне

Политичка пресметка за уставните измени и евроинтеграциите. Пратеникот Антонијо Милошоски и заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, со спротивставени ставови за блокадата на државата.

Во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, дојде до остра дебата меѓу претставниците на власта и опозицијата. Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, директно го посочи раководството на ВМРО-ДПМНЕ како главен виновник за застојот на македонскиот напредок. Таа нагласи дека Македонија е блокирана од самата себе, односно од Христијан Мицкоски и партијата што тој ја предводи.

Уставот не е конзерва риби

Супер Попуст -25%

На овие обвинувања остро возврати пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој сликовито порача дека „Уставот не е конзерва риби да се отвора кога ќе ви текне“, алудирајќи на притисокот за брзи уставни измени. Тој го насочи фокусот кон последиците од надворешната политика.

„Македонија е блокирана од сама себе, од некој со име и презиме и се вика Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.“

Осврнувајќи се на проблемот со источниот сосед, Милошоски истакна дека ситуацијата воопшто не бележи напредок. Според него, по потпишувањето на Договорот за добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија, наместо подобрување, секоја година се бележи континуирано влошување на билатералните односи меѓу двете држави.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мицкоски категоричен: Македонската економија е постабилна од сите во регионот

Скандал со социјалната помош: Починати и иселени лица со години земале пари од државата