
Прегазен со возило и крвнички претепан
Според шокантното сведоштво на самохрана мајка од Охрид кое го пренесува партијата, нејзиниот малолетен син бил пресретнат од полициски службеници додека се враќал од работа со мотор. Тврдењата се застрашувачки – полицајците прво го удриле со службеното возило, а потоа брутално го удирале со боксови, клоци и пендреци, газејќи го по главата и телото.
Од силината на ударите, 15-годишното дете во неколку наврати ја губело свеста. Откако полицајците дознале дека се работи за малолетник, наместо да му пружат помош, тие почнале да му се закануваат да не пријавува никаде, предупредувајќи го дека следниот пат „ќе помине уште полошо“.
Четири месеци молк од институциите
Случајот веднаш бил пријавен во ОЈО Охрид каде малолетникот дал исказ пред обвинителот Стојанчо Арнаудоски, како и до Внатрешната контрола на МВР. Сепак, мајката сведочи дека и по четири месеци нема добиено никаков одговор. Левица потсетува дека истиот обвинител првично одби да побара притвор и во неодамнешниот случај со претепаната девојка во Охрид.
Партијата итно бара одговори од министерот Панче Тошковски зошто осомничените полицајци сè уште се на своите работни места и дали воопшто е отворена дисциплинска постапка. Истовремено, побарана е реакција и од новата шефица на ОЈО ГОКК, Искра Хаџи Василева, со цел да се иницира сериозна кривична постапка против службениците.
„Јасно е дека сè додека нема кривична одговорност за корумпираните службеници во МВР, насилството ќе ескалира, а безбедноста на граѓаните ќе е директно загрозена токму од оние кои треба да се чувари на безбедноста!“
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден







