во

СДСМ со ултиматум: Мицкоски и Тошковски се штитат еден со друг, уште колку жртви се потребни за оставка?

Опозицискиот СДСМ упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски и министерот Панче Тошковски, обвинувајќи ги за меѓусебна заштита и целосен распад на безбедносниот систем, што резултира со неказнивост и зголемен број на фемициди и насилства.

Партиски врски и заштита на насилници

Преку партиско соопштение, СДСМ реагираше на најновите случувања во Охрид, тврдејќи дека насилникот кој ја претепа младата Сара првично бил пуштен на слобода исклучиво затоа што е син на локални функционери од ВМРО-ДПМНЕ, блиски до премиерот. Според опозицијата, доколку не била брзата и гневна реакција на граѓаните, невладините организации и самата партија, жртвата ќе останела во болница стравувајќи за својот живот, додека насилникот би се шетал слободно.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Од партијата потсетуваат дека зад секоја жртва на фемицид во државата стојат бројни нерасчистени пријави и институционално непостапување, посочувајќи го како пример и случајот со телохранителот на премиерот кој, според нив, бил ослободен откако ја тепал својата сопруга.

Барање за проширена истрага и оставка од Тошковски

СДСМ бара итно проширување на истрагата за насилството во Охрид. Тие алармираат дека насилникот не дејствувал сам во обидите за прикривање на делото, обвинувајќи ги неговите родители дека сугерирале да се ослободи од телото, како и надлежниот обвинител за свесно непостапување.

Опозицијата инсистира на најстроги казни за сите соучесници кои помагале да се прикријат доказите или ја попречувале правдата. Истовремено, тие ја лоцираат најголемата политичка одговорност кај министерот Панче Тошковски, барајќи негова итна оставка поради потфрлање во превенцијата, заштита на криминалците и нефункционирање на МВР.

„Додека тие се штитат еден со друг цената ја плаќаат граѓаните. Жртви, убиства, фемициди, насилства врз жени, целосен распад на безбедносниот систем. Уште колку жртви се потребни за Тошковски да понесе одговорност?“

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВМРО-ДПМНЕ со жесток напад: Од што се плаши Венко Филипче па бега од надзорната расправа за Алта банка?

Собранието ја продолжува прекинатата седница: Гаши и опозицијата со „џентлменски договор“ за пратеничките прашања